Потребна ви е помош?
+389 (0)78 429 865

Bebetto Magnum Light Pro (3in 1)

32.490 ден.
39.900 ден.
  • Производител: BEBETTO
  • Шифра:MAGNUM LIGHT PRO
  • Достапност:На залиха


или од 6 до 36 рати со   за нарачки над 1000 ден.

Ви го претставуваме моделот на бебешка количка Bebetto MAGNUM кој ни пристига од веќе добро познатата фабрика BEBETTO и е целосно обложен со еко кожа!
Долго време ги слушавме вашите предлози и сугестии, драги наши идни родители за да ги исполниме сите ваши очекувања!

Задоволство ни е што во нашата богата понуда на бебешки колички додаваме модел кој ќе ве остави без здив со својата едноставност и елеганција и сето тоа по супер прифатлива цена.
Исклучително лесна количката за бебе Bebetto MAGNUM е вистинскиот избор за оние на кои им е важен квалитетот и практичноста.

Bebetto MAGNUM доаѓа во сет 3 во 1 и е предвидена за користење од самото раѓање на детето до 3-3,5 години.
Голем избор на атрактивни дезени и две бои на рамот!

 

КОНСТРУКЦИЈАТА

Bebetto MAGNUM е модел на количка за бебе кој се одликува со елегантна силуета, лесен алуминиумски рам кој е со димензии кои ќе ви заштедат простор при складирањето. Едноставно и брзо склопување на количката со опција за вадење на сите 4 тркала со што дополнително заштедувате простор и време.

Дискретните амортизери на рамот од количката овозможуваат подесување на тврдината со што возењето на вашето бебе ќе биде прилагодено и удобно.
Централната кочница на двете задни тркала обезбедува стабилно мирување на рамот.
Предните тркала имаат опција за фиксирање доколку сакате при возењето да го задржете правецот и да спречите ротација на тркалата. Во предните тркала се вградени унапредени DMS и SAS системи чија функција е намалување на преносот на вибрации при возењето и штити од спонтана ротација на тркалата при допир со тлото. Иновативната формула за меморирање на правецот на движење ќе направи управувањето со Bebetto MAGNUM да биде вистинско задоволство.

Рачката за туркање на рамот од количката за бебе е изработена од квалитетна еко кожа и поседува опција за регулирање на висината.

Пространата отворена шопинг торба на рамот од количката обезбедува доволно простор за складирање како на бебешките така и на вашите предмети. Издржливата торба за мајката може да се монтира на рамот од количката или може да се носи самостојно на рамото.

 

КОРПАТА ЗА БЕБЕ

Пространата корпа за бебе од овој модел на бебешка количка поседува антиалергиски душек кој ја обезбедува целата неопходна удобност за вашето бебе.

Корпата поседува тенда со опција за прилагодување и додаток на зимската прекривка кој во потполност ќе го заштитат вашето бебе од ветерот. Може да послужи и како преносно креветче кое на рамна површина има опција за лулање.

Унапредениот систем за лесно подесување на наслонот внатре во корпата се наоѓа на страната од корпата со што додатно се олеснува пристапот.

Дното на корпата е обезбедено со висококвалитетна пластика, а мрежата за вентилација на тендата ќе обезбеди додатен проток на воздух. Истовремено ќе можете да го гледате бебето во секој момент.

 

СПОРТСКОТО СЕДИШТЕ

Овој модел на мултифункционална детска количка поседува широко спортско седиште кое е наменето за деца постари од 6 месеци па се до 3-3,5 години.

Спортското седиште може да се монтира на конструкцијата од количката за бебе во двата правци на движење.

Едноставна регулација на позицијата на наслонот од седечка до целосно лежечка положба погодна за спиење.

Држачот за нозе со опција за регулација по висина е обложен со квалитетна еко кожа која го олеснува одржувањето.

Сигурносниот појас во 5 точки на врзување ја обезбедува целата неопходна сигурност и безбедност за вашето бебе.

Сигурносниот појас е унапреден па сега имате опција за регулација на самиот појас по висина.

Спортското седиште е додатно обезбедено со сигурносна пречка која обезбедува подршка за бебето за време на возењето. Пречката може да се извади по потреба за полесен пристап на детето.

Врвната функционалност на MAGNUM количката за бебе е обезбедена и со квалитетни материјали кои поседуваат UV заштита.

 

ТРАНСПОРТЕРОТ

Транспортерот може да се користи од раѓање до 13 кг.

Обложен е со мека ткаенина со додатни меки подлоги.

Освен на количката, транспортерот може да се монтира и во автомобил со помош на сигурносните појаси.

Транспортерот е тестиран и стандардизиран со што се гарантира безбедноста.

Поседува сигурносен појас во 5 точки на врзување.

Поседува рачка за носење со што се олеснува транспортот.

 

СЕТОТ 3 ВО 1 ВКЛУЧУВА:

- Алуминиумски рам со тркала на воздушно пумпање
- Спортско седиште
- Корпа за бебе
- Транспортер
- Шопинг торба на рамот од количката
- Торба за мајката
- Покривка за дожд
- Мрежа против инсекти
- Зимски прекривки за сите делови
 


ВРШИМЕ ДОСТАВА ДО ДОМА.
НАРАЧКИ НА ТЕЛ: 078/429/865, 072/221/896 и 043/361/442.

Напишете коментар

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да оставите коментар

Слични производи

Најново

-23%

Автомобил на акумулатор - PORSCHE white

9.980 ден. 12.980 ден.
-15%

Kinderkraft креветче / колевка - NESTE UP 2 beige

8.480 ден. 9.980 ден.
-25%

Bebetto Magnum Light (2 in 1)

23.980 ден. 32.000 ден.
-15%

Qplay баланс велосипед TRAINER red

2.960 ден. 3.490 ден.
-10%

Coccolle количка - FINLEY jet black

7.180 ден. 7.980 ден.

COCCOLLE Ограда за креветче

1.980 ден.

ОРГАНСКО ЌЕБЕ FAWN

1.490 ден.

Транспортер - COSMO (0-13kg)

6.900 ден.