Потребна ви е помош?
+389 (0)78 429 865

Coccolle трицикл на склопување SPECTRA PLUS (5 in 1) magenta

7.980 ден.
10.500 ден.
  • Производител: COCCOLLE
  • Шифра:SPECTRA PLUS
  • Достапност:На залиха


или од 6 до 36 рати со   за нарачки над 1000 ден.

Запознајте го трициклот кој може "се". 


Coccolle Spectra станува најпопуларниот трицикл за деца поради својата мултифункционалност и опција за целосно склопување и лесен транспорт. 
Може да се користи од 1 до 5,5 години. Coccolle Spectra се одликува со големи димензии на седиштето и потпирачот за грб со што овозможува удобни и долги прошетки за вашите деца. 
Мултифункционалниот Spectra трицикл има опција за свртување на седиштето нанапред со што детето може да гледа напред и да ја истражува околината или да се сврти наназад со што се добива директен поглед кон родителот. 
За да се зголеми удобноста на детето и да се продолжи времето поминато навор, трициклот Coccolle Spectra овзоможува удобна позиција за спиење односно спуштање на седиштето без разлика на која страна е свртено (рачката за управување се спушта со што се овозможува спуштање на седиштето и кога е свртено кон родителот). 
Трициклот е опремен со сигурносен појас во 5 точки на врзување со што се гарантира безбедноста на детето.


Лесен за склопување, Spectra трициклот е погоден за сите родители кои се стремат да водат активен стил на живот на свеж воздух. Поради системот за лесно и брзо склопување можете да го понесете со себе секаде. Го собира и во најтесните простори за складирање во автомобилите. 
Ткаенината на трициклот обезбедува UV заштита со што може да се користи и во најтоплите локации. 
Функцијата слободно тркало овозможува блокирање на педалите со што користењето на трициклот од помалите деца нема да претставува проблем. 
За зголемена удобност на родителите, рачката за туркање е телескопска со што може да се регулира по висина. 
Трициклот е опремен со двојна кочница на задните тркала која е лесно достапна за родителите.

Трициклот Coccolle Spectra расте заедно со вашите деца. Како што се зголемува возраста на децата, сите делови на трициклот може да се демонтираат со што на крај се добива класичен трицикл со педали, седиште и рачка за управување.


Карактеристики:

- Лесно и брзо монтирање
- Лесно и брзо склопување со што се добива компактен продукт кој може да се складира
- Опција за ротација на седиштето во двата правци на движење
- Опција за спуштање на седиштето во положба за спиење без разлика во кој правец е свртено
- EVA тркала изработени од специјална пења со исклучителна подршка и издржливост за долго користење (отпорни на пробушување за разлика од тркалата со воздух) 
- Може да се користи од 1 до 5,5 години (25кг)
- Ткаенина со UV заштита
- Додатни облоги на седиштето и навалачката
- Сигурносен појас во 5 точки на врзување
- Опција за демонтирање на елементите (сенката, заштитниот обрач, потпирачот за нозе) со што се добива класичен трицикл кој се користи за поголеми деца.
- Двојна ергономска кочница на задните тркала.

начин на склопување:



ВРШИМЕ ДОСТАВА ДО ДОМА.
НАРАЧКИ НА ТЕЛ: 078/429/865, 072/221/896 и 043/361/442.

Напишете коментар

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да оставите коментар

Слични производи

Најново

-20%

Liberta седиште SIRIUS2 0-36kg 360° ISOFIX dark grey

5.980 ден. 7.500 ден.

ГНЕЗДО FAWN

3.690 ден.
-23%

Автомобил на акумулатор - PORSCHE white

9.980 ден. 12.980 ден.
-15%

Kinderkraft креветче / колевка - NESTE UP 2 beige

8.480 ден. 9.980 ден.

ВРЕЌИЧКА ЗА СПИЕЊЕ ELO 6-18M

1.790 ден.
-15%

Kinderkraft креветче / колевка - NESTE UP 2 light grey

8.480 ден. 9.980 ден.